Доколку корисник на апликација се зарази со вирусот, Министерството за здравство ќе побара од корисникот на апликацијата да ја сподели со Министерството листата со податоците од неговата апликација, при што надлежните органи ќе ги детектираат телефонските броеви и ќе ги известат лицата кои што биле во непосредна близина со лице кое е носител на COVID-19, притоа заштитувајќи ја целосно неговата приватност.
Апликацијата користи Bluetooth за да комуницира со други корисници на апликацијата и разменува шифрирани, анонимни податоци за растојанието на сите околни уреди, на далечина релевантна за ширење на инфекцијата, во текот на ограничен временски период во последните 14 дена.
Основната цел на апликацијата е да обезбеди брз одговор на здравствените власти за лицата кои биле во близок контакт со заразеното лице во изминатите 14 дена.
Тој се чува на безбеден сервер управуван од Министерството за здравство и ќе се користи по согласност на корисникот, само доколку корисникот е заразен со коронавирус.
Апликацијата користи постапка за откривање на растојание помеѓу мобилните уреди / апликации на други лица, со употреба на Bluetooth технологија.
StopKorona! е мобилна апликација наменета да придонесе во стопирање на ширењето на коронавирусот и да ги заштити корисниците.
Сите корисници на апликацијата даваат личен придонес во колективната борба против оваа заедничка здравствена опасност.
Колку повеќе корисници на апликацијата - толку подобри и побрзи резултати во борбата против вирусот.
Единствениот податок поврзан со корисникот е мобилниот телефонски број.
Корисниците имаат целосна контрола врз нивната приватност.