Со користење на апликацијата се вршат позадински мерења на квалитетот на мобилната врска и брзината на мобилниот интернет, се прават активни тестирања на интернет брзината на иницијатива на корисникот, се даваат детали за локацијата и се оценува корисничкото задоволство, а сите овие податоци се внесуваат во базите на податоци на Телеком за понатамошна обработка.
Апликација има за цел да обезбеди податоци со кои уште повеќе ќе се подобри мобилната мрежа на Телеком, а воедно ќе го подобри и корисничкото искуство.
Апликацијата е наменета само за корисниците на Македонски Телеком, а интернет сообраќајот во апликацијата кој се генерира за мерењата на брзината на мрежата не се пресметува во интернет сообраќајот вклучен во корисничките пакети.
Податоците ќе придонесат кон подобар увид во мрежата, квалитетот и локациите каде има пречки, а со тоа и доволно податоци за нашиот технички тим да ја подобри.
Telekom NetTest го мери квалитетот и брзината на мобилната мрежа на Македонски Телеком.