Со оглед на сеприсутноста на мобилни уреди (телефони,таблети) во секојдневниот живот, ваквата апликација Ви овозможува во било кое време и место да имате увид во своите сметки и да вршите трансакции на брз и едноставен начин.
Мобилното електронско банкарство на Халкбанк АД Скопје, за физички лица, претставува бесплатна банкарска апликација наменета за мобилни уреди од понова генерација која има за цел пружање на мобилни банкарски услуги.
Доколку не сте корисник на електронско банкарство на Халкбанк, можете да аплицирате во најблиската филијала.
Најавувањето на апликацијата се врши со истото корисничко име и лозинка кои се користат за најава на е-банкинг сервисот.